Табела по крајот на есенскиот дел: Струга ТЛ со +3 пред Шкупи, хаос на дното…

1671

Со денешните мечеви од 18.коло ставен е крај на есенскиот дел од сезоната 2022/23. Струга ТЛ на пауза замина како прва, како есенски шампион, но сега само со три бода плус во однос на Шкупи кој треба да одигра и еден меч повеќе во пролетниот дел. Се чини дека битката за титулата ќе биде и тоа како жестока. Шкендија ќе мора добро да запне за да се врати во игра.

На дното на табелата е хаос. Познато е дека само еден тим испаѓа, тој што ќе заврши како единаесетти, а тоа е сега Скопје со 11 бодови, еден помалку од А. Пандев, која е најголемото разочарување, но и со еден меч помалку одигран од струмичани. Значи математички може да се каже дека токму “пандевци“ се последни на табелата.

Тука е и деветтата Победа со 13 бодови и со исто така одигран меч помалку во однос на струмичани.

Да потсетиме, единаесетиот тим директно испаѓа, а десеттиот тим на табелата игра бараж со третиот од ВМФЛ за пласман во елитата, или останување во ПМФЛ.

Уф, и тоа како ќе биде жешко напролет во битката меѓу Победа, Скопје и очајната А. Пандев.

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 37, Шкупи 34 (-1), Шкендија 28 (-1), Тиквеш 26, Силекс 26, Брегалница 21 (-1), Македонија ЃП 20 (-1), Работнички 18 (-1), Победа 13 (-1), А. Пандев 12, Скопје 11 (-1).

*Во заградите каде што има -1 тоа значи дека овие екипи треба да одиграат меч повеќе напролет.

ПретходноЧурлинов по првпат по 2 септември на официјален натпревар во дресот на Барнли!
СледноКристијано Роналдо: Португалија секогаш ми била на прво место