Уште еден шамар за Кристијано Роналдо, овојпат од медиумите од Островот кои деновиве откриле една тајна врзана за него и Манчестер Јунајтед. Имено тренерот на “ѓаволите“ Ерик тен Хаг не криел дека по секоја цена сакал да се отараси од Португалецот па затоа раководството на клубот сакало да му ја исполни желбата на својот тренер.
Токму затоа Јунајтед цело лето го нудел Роналдо на позајмица и тоа повеќе клубови во Европа и тоа речиси за бес пари, но никој, ама баш никој не го сакал.
Имено Јунајтед ја спуштил понудата до толку, па секој клуб кој би довел Роналдо на позајмица би требало да му плаќа само 17 насто од платата, останатото Јунајтед ќе го плаќал.
Но рековме веќе, никој не бил заинтересиран за тоа да го доведе Португалецот.