Поранешниот холандски репрезентивец Квинси Промес кој игра за Спартак Москва аплицирал да добие руски пасош, пренесуваат неколку руски медиуми. 30-годишниот напаѓач во Холандија е обвинет за обид за убиство и учество во шверц со дрога. На почетокот на годината неговата вила во Утрехт (вредна 1,2 милион евра) е конфискувана. Промес може да биде уапсен веднаш штом ќе се врати дома. За да го избегне тоа, тој се надева дека ќе стане руски државјанин.
Во 2021 година тој се врати во Ајакс по сослушувањето во Холандија. Тој е обвинет дека се обидел да го прободе својот роднина, како и дека поддржувал организација која се занимавала со трговија на дрога.
„Умен потег на Промес. Тоа не значи дека случајот против него во Холандија е завршен. Затоа што доколку зачекори во друга држава ќе биде екстадиран во Холандија. Значи нема многу опции надвор од Русија“, изјави адвокатот на роднината кој Промес се обидел да го прободе.
И покрај натурализацијата, Промес нема да може да игра за рускиот национален тим затоа што веќе има 50 меча за Португалија. Тој играше за Спартак од 2014 до 2018 година, па играше за Севиља и Ајакс по што се врати во Спартак во 2021 година.










