Тиквеш со заеднички ручек се распушти и вети пролетен атак кон врвот на табелата

787

Екипата на Тиквеш на најдобар можен начин ја финишираше есенската ПМФЛ сезона. Со гостински бодови кај Шкендија односно кај Академија Пандев, со што билансот е и повеќе од добар со оглед на лошиот старт на сезоната.

Па така, со свечен ручек на целата екипа заедно со раководството, ГФК Тиквеш и официјално заминува на одмор, и закажува секако средба на почетокот на јануари.

Кавадарчани напролет имаат за задача да ги повторат игрите од финишот на есенската полусезона, и да соберат бодови кои ќе бидат не само доволни за „златната средина“ туку и за чекор погоре кон самиот врв на табелата.

 

Претходно6 нови милионери за една недела со видеолотарија, заедно добија 8.527.069,00
СледноКонрад Лаимер ќе биде првото летно засилување за Баерн Минхен