Конрад Лаимер ќе биде првото летно засилување за Баерн Минхен

171

Играчот за врска на тимот на Ред Бул Лајпциг, Конрад Лаимер ќе биде првото засилување за тимот на Баерн Минхен во летниот преоден рок кој следува. Иако Баварците сеуште не се одлучиле кого ќе доведуваат зимава, а сигурно дека ќе пополнуваат голманска позиција, а веројатно и напаѓачка, од друга страна имаа усен договор со Лаимер дека тој на лето доаѓа во Минхен.

Трансфер гуруто Фабрицио Романо предмалку ја објави оваа информација додавајќи дека Лаимер е желба на Баерн уште од 2021 година но дека трансферот ете дури сега ќе се реализира.

Во меѓувреме глупоста на Мануел Нојер и скрешницата на нога заработена на скијање ќе се надоместува најверојатно со трансфер на Кејлор Навас од ПСЖ или пак со мега трансфер на Домоник Ливаковиќ од Динамо Загреб.

 

ПретходноТиквеш со заеднички ручек се распушти и вети пролетен атак кон врвот на табелата
СледноФудбалерите на Струга Трим Лум спасија куче од Црн Дрим (ВИДЕО)