Во просториите на ФК Партизан во Белград денеска беше одржана комеморација по повод смртта на екс фудбалерот, а потоа и тренер на овој клуб, Миодраг Јешиќ.
Јавноста остана шокирана пред неколку дена кога ја дозна веста дека Јешиќ на еден магистрален пат во внатрешноста на Србија во директен судар трагично го загуби животот.
ФК Партизан му оддаде должна почит на својот некогашен член по што беше одржан и погребот.










