Бензема блиску до враќање на терените

178

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е блиску до враќање на терен. Напаѓачот се здоби со скинати мускулни влакна на тренингот на француската репрезентација неколку дена пред Светското првенство и тоа го спречи да биде дел од тимот на „Петлите“ во Катар

Фудбалерот изминатите денови беше на рехабилитација и успеа да се опорави од повредата. Тој веќе ги продолжи тренинзите, па дури се очекува да биде дел и од пријателскиот натпревар со Леганес в четврток. На овој меч тренерот Карло Анчелоти ќе може да види во каква состојба се играчите со кои располага две недели пред продолжението на натпреварите од Ла Лига. На 30 декември Реал Мадрид се среќава со Ваљадолид.

Италијанскиот стручњак е прилично ограничен во изборот, бидејќи многу клучни играчи се уште не се вратиле од настапите на Светското првенство. За време на паузата работеше само со девет првотимци, а тоа беа Лунин, Начо, Ваиехо, Менди, Одриозола, Крос, Себаљос, Маријано и Васкез. Веќе им се приклучија Давид Алаба и Карим Бензема, кои продолжија со нормалните тренинзи.

 

ПретходноРеграгуи: Ќе кажете дека сум луд, но Мароко оди по светската титула
СледноЧаир казнет со 190.000 денари и 10 меча без публика!