Репрезентацијата на Франција утре игра против Мароко во полуфиналето на СП во Катар, а ќе го нема Карим Бензема во тимот. „Златната топка“ за 2022 година може да игра, но селекторот Дидие Дешамп не го сакал назад.
Бензема се повреди на тренинг на репрезентацијата на 19 ноември, ден пред почетокот на СП. Напаѓачот на Реал заздравел по само 10 дена и бил спремен да му се приклучи на тимот, меѓутоа на 29 ноември отпатувал на одмор.
Тоа се случи откако Дешамп потврди дека Бензема може да си се врати назад затоа што нема да смета на него на СП.
„Одлуката на Дешамп покажува дека односот со Бензема не е до крај решен. Дешамп или немаше или не сакаше да има трпение за него“, тврди шпанска „Марка“.
Во најмала рака Бензема можел да му се приклучи на тимот во нокаут фазата, но место тоа тој се приклучи на тренинзите на Реал.
🙄👉 Los motivos de otro Mundial ‘perdido’ para Benzema https://t.co/ODwVOXdrbZ
— MARCA (@marca) December 13, 2022