Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва продолжуваат во ист ритам во ВТБ-лигата. Македонскиот стратег и неговиот тим го запишаа 16. триумф оваа сезона, откако на домашен терен ја совладаа Самара со убедливи 95-82.
Откако Рајковиќ претходно го урна клупскиот рекорд, сега со ЦСКА Москва го делат само две победи до рекордот во ВТБ-лигата, кој изнесува 18 победи во низа.
ЦСКА е лидер во овој шампионат, има две победи повеќе од Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ, кој двата порази ги запиша токму од тимот од Москва.