Уште една смртна казна во Иран: Фудбалер осуден на смрт поради учество во протести

181

Фудбалерот Амир Наср-Азадани е обвинет за предавство во Иран и осуден на смрт откако учествувал во демонстрации за правата на жените.

Азадани е меѓу деветте обвинети за убиство на полицајци на настанот, кој се случи на 25 ноември. 26-годишниот спортист беше уапсен два дена по демонстрациите. Тој е обвинет и за учество во „вооружена и организирана група која има намера да ја нападне Исламската Република Иран“.

Неколку арапски фудбалски личности зазедоа став барајќи ослободување на спортистот, меѓу кои и поранешниот репрезентативец на Баерн Минхен и иранскиот репрезентативец Али Карими. ФИФПро, синдикатот на професионални фудбалери, објави соопштение во кое вели дека е „шокиран“ од веста и бара казната да биде поништена.

ПретходноНестварно: Фудбалската федерација на Мароко подели 13.000 бесплатни билети на своите фанови за дуелот со Франција!
СледноФИФА на 27 февруари ќе ги прогласи најдобрите за 2022 година