ФИФА денеска објави дека доделувањето на наградите за најдобрите фудбалери во светот во 2022 година, ќе се одржи на 27 февруари 2023 година.
Локацијата се уште не е соопштена, како и листата на кандидати. Гласањето за избор на најдобрите ќе започне на 12 јануари, 25 дена по завршувањето на Светското првенство во Катар. Периодот на валуација на спортистите ќе биде од август 2021 година до декември 2022 година.
Детали за изборот на најдобрите се уште не се откриени, но нормално ФИФА ќе ги собира гласовите од тренерите и капитените на репрезентациите, новинарите и навивачите.