Алварез: А сега по трофејот!

243

Постигна два гола со кои Аргентина ја победи Хрватска и се пласираше во финалето. Напаѓачот Хулиан Алварез вели дека е среќен поради пласманот во финалето, но тој, како и целиот тим, не се задоволуваат само со тоа туку ќе одат и по трофејот.

Заслужено сме во финалето. Сигурен сум дека е лудо во Аргентина, во мојот Калкин (градот во кој е роден). Радоста е насекаде. Среќни сме со пласманот во финалето, меѓутоа не застануваме тука. Го сакаме трофејот. Ќе дадеме се од себе во недела во финалето“, изјави фудбалерот на Манчестер Сити.

Запрашан за првиот од двата гола, кој многу наликуваше на легендарниот на Марадона, тој одговори:

Трчав напред, видов неколку соиграчи како трчаат напред, но некако нозете ме влечеа напред. Имаше многу луѓе до мене и пред мене, за моја среќа не успеаја да ми ја избијат од нозе. Постигнав гол кој ни донесе спокој“, вели Алварез.

ПретходноРајковиќ и ЦСКА пред нов рекорд во ВТБ-лигата!
СледноЕден е Лео Меси: Поклонете му се на ФУДБАЛСКИОТ БОГ!