Аргентина ја „оддува“ Хрватска и шести пат ќе игра во финале на СП (видео)

131

Репрезентацијата на Аргентина по осум години повторно е во финале на СП. „Гаучосите“ ја елиминираа Хрватска со 3:0 во полуфиналето на Мундијалот во Катар и шести пат ќе се борат за големиот трофеј кој го чекаат од 1986 година (два пати го имаат освоено).

Главни актери на вечерашниот меч беа Лео Меси и Хулијан Алварез. Меси го отвори резултатот со гол од пенал, а му асистираше на Алварез за третиот гол. А токму Алварез постигна прекрасен гол за водство од 2:0 во стилот на Марадона претрчувајќи половина терен и ја затресе мрежата на Ливаковиќ.

Во 32 минута Ливаковиќ во обид да стигне прв до топката собори еден аргентински фудбалер, а судијата Даниеле Орсато покажа на белата точка.

Лео Меси погоди за водство на Аргентина, но и за историја. Меси со 11 гола е најдобриот аргентински стрелец на Светските првенства, симнувајќи го од првото место некогашниот голгетер Габриел Батистута.

Во 38 минута нов шок за Хрватите. Дефанзивците погрешија, а Алварез во трка успеа да помине двајца-тројца дефанзивци и ја смести зад грбот на Ливаковиќ.

Во 42 минута и Мекалистер се обиде, меѓутоа Ливаковиќ ја спаси мрежата. Дури во финишот на првото полувреме Хрватите имаа сериозна шанса но Мартинез беше сигурен.

https://digitalhub.fifa.com/transform/0c6d6002-04b0-4d85-96c7-791ed0de1557/Argentina-v-Croatia-Semi-Final-FIFA-World-Cup-Qatar-2022

Во 69 минута Алварез ја запечати победата на Аргентина со голот за 3:0. Хрватите тотално разочараа вечерва. Одиграа слабо, освен во одбрана не беа добри ни во нападот.

„Гаучосите“ беа „поживи“, поактивни и поагресивни и заслужено победија. Аргентина до сега постигна 12 гола што е втор најдобар ефект на Мундијалите во нивната историја после онаа шампионска 1986 година во Мексико.

Хрватите ќе играат за третото место на Мундијалот, а Аргентина патува во финалето.

 

ПретходноБензема заздраве и сакал да се врати во тимот, но Дешамп рекол „Не“!
СледноДалиќ: Некогаш среќата ќе те погали, некогаш не, сега да се собереме и да одиме по бронзата