Баерн Минхен ги прекина преговорите со Ливаковиќ!

1152

Голманот на хрватската репрезентација и Динамо, Доминик Ливаковиќ останува опција за Баерн, напиша германскиот новинар на Sky Sports, Флоријан Плетенберг. Германскиот гигант започна преговори за доведување на Ливаковиќ, но преговорите засега се прекинати, неофицијално е прескап за Баерн.

Хрватскиот голман брилијантно бранеше на Мундијалот, но за германскиот магазин „Кикер“ спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ истакна дека е повеќе наклонет кон поевтината опција. Имено, Баерн наводно се распрашува за Кејлор Навас, голманот од Костарика кој моментално настапува за ПСЖ. Навас има 35 години и има уште една и пол година од договорот со францускиот клуб.

Баерн е во потрага по нов голман бидејќи Нојер ја скрши ногата на скијање на одмор по Светското првенство и сега завршува сезоната. Најверојатен кандидат за заменик на Нојер е Германецот Александар Нубел (26). Нубел моментално е на позајмица од Баерн во Монако и тоа е негова втора сезона во францускиот клуб, но прашање е дали Монако ќе се согласи нагло да ја прекине позајмицата.

ПретходноЗа инцидентот во Чаир се огласи и Работнички: Спортот е за здружување на интелектуалци, а не мегдан за силеџии!
СледноМурињо добил понуда, ќе биде селектор?