Хавиер Пасквал и во иднина ќе го гледаме на клупата на Динамо Букурешт. Иако во изминатиот период беше најавуван како замена на Раул Гонзалес во ПСЖ, сепак тоа нема да се случи во следните години.
Шпанскиот стратег доби нов договор, раководството на клубот на официјална прес-конференција потврди дека Пасквал ќе биде тренер на Динамо Букурешт до 2026 година со што ги отфрли сите шпекулации за негово заминување.