Брегалница го “откачи“ Касми, Херера се пресели во Шкендија за 4.000 евра месечно!

4721

Во очекување на средување на работите во Брегалница, пред се во поглед на тренерското место, но и за многу други работи, почнаа да се влечат потези. Имено Белгиецот Фајсел Касми, кој во Брегалница дојде во летниот преоден рок по само една полусезона не е веќе  член на штипскиот клуб. Имено вчера Брегалница му го раскина договорот. Инаку Касми дојде во Брегалница во есенскиот дел одигра 13 меча, но искрено не го покажа тоа што се очекуваше.

Инаку Себастијан Херера и дефинитивно не е веќе играч на Брегалница. И тој по само шест месеци си замина и тоа во Шкендија и тоа без отшетата, ако се знае дека неговиот договор со „сините“ беше на само шест месеци. Како што дознава “Спортмедиа“ Херера и Шкендија имале договор за трансфер уште пред еден месец, а деновиве и го потврдиле. Колумбиецот со македонски пасош во Шкендија ќе има плата од 4.000 евра месечно.

ПретходноУ15: Еврогол на Запончек за реми против Малта
СледноСОСТАВИ: Скалони и Далиќ скоро со ист избор како во четвртфиналето