Фанатастичниот дуел меѓу Лука Дончиќ и Шаи Гилгеус Александар заврши во корист на Канаѓанецот 42:38, но Далас ја победа Оклахома со 121-114. Словенецот одново беше близу до трипл-дабл, на 38-те поени додаде 11 скока и осум асистенции, но во центарот на вниманието останува најбизарната техничка грешка која ја доби.
Словенецот секогаш за своите протести добива техчнички грешки, но овој пат дојде до недоразбирање. Откако Шаи Гилгеус реализираше под прекршок, Словенецот се сврте кон соиграчи, заплеска со рацете во знак на поддршка и порача: Ајде, одиме! Дончиќ беше во неверување.
Luka Doncic got a technical foul for yelling at his teammate, Dwight Powell. He was not happy 😅pic.twitter.com/I6Pb24ZSX2
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) December 13, 2022
Бостон го запишаа вториот пораз во низа. По Голден Стејт, беа совладани од 113-93. Кавај Ленард беше незапирлив, имаше само две промашувања од охра, зад своето име запиша 25 поени, 9 скока и 6 асистенции.
Резултати: Индијана – Мајами 82-87, Вашингтон – Бруклин 100-112, Мемфис – Атланта 128-103, Далас – Оклахома 121-114, Сан Антонио – Кливленд 112-111, Портланд – Минесота 133-112, ЛА Клиперс – Бостон 113-93.