Е.Пелистер одигра далеку поинаков меч против Бидасоа Ирун од пред една недела на гостински терен. Македонскиот првак на дело потврди дека долгиот пат, проблемот со повредени играчи, како заморот си го стори своето. Голема штета, ова издание на крајот не беше крунисано со победа, дуелот против Бидасоа заврши со реми 29-29. Ова беше прв бод пред домашните навивачи, кои пак овој пат ги немаше многу на трибините.
Македонскиот вицепрвак на паузата во Европската лига заминува со скор од две победи, реми и три порази.
Хосни со осум гола беше прв стрелец, зад него со седум погодоци беше Танкоски. На оваа средба фалеше поддршката од голманите, Кизиќ имаше четири интервенции, додека пак Лесјак ниту една.
Битолчани одиграа одлично прво полувреме во кое што имаше позитива од четири гола 15-11 и 16-12, не искористија неколку шанси да дојдат до плус пет. Токму од последното водство од четири гола, гостите со серија од 4-1 намалија на 17-16 на одморот, а веќе во продолжение дојдоа до егал меч и водство по долго време.
Со нова серија од 3-0, Бидасоа за првпат на натпреварот поведе со два гола разлика 22-24, беше на средината на второто полувреме. Ларс Валтер повика тајм-аут, Хосни, кој се врати на терените со шестиот погодок на мечот го прекина налетот на гостите (23-24).
Сепак ова не беше доволно за да се наруши ритамот на противникот, поведе со 23-26 во 48. минута. Две минути подоцна, Хосни со два нови погодоци и Васиљев изедначија на 26-26.
Дуелот влезе во неизвесна завршница, во шест минути падна по еден гол на двете страни. Грешеа двата тима, при 27-28, гостите останаа со играч помалку. Битолчани не го искористија првиот напад, стигна казна за минус два (27-29). Костески и Ојлески со цепелин намалија на 28-29, Бидасоа не искористи напад, Танкоски на другата страна изедначи на 29-29 на 30 секунди до крајот.Бидасоа не реализираше мечот заврши нерешено.