Енрике објасни зошто не се појавил во соблекувалната по шокантниот пораз од Мароко!

391

На Мундијалот во Катар се очекуваше многу од Шпанија, но „црвената фурија“ го заврши натпреварувањето веќе во осминафиналето против Мароко, нешто што никој не го очекуваше. По ова фијаско Енрике стана минато, па после четири години дојде време за разделба.

По елиминацијата тој не се појавил во соблекувалната на Шпанија, сега неколку дена после ова објасни зошто.

„По натпреварот против Мароко не отидов во нашата соблекувална. Не сакам да правам такви работи бидејќи знам дека ниту еден од играчите не е расположен. Таму ништо не може да се постигне ако веднаш ги критикувате или не знам што друго. Следниот ден разговарав со секој поединечно од нив и тоа е тоа“, изјави Енрике.

Тој објасни дека во разговор со психологот со кој играчите располагале, конечно решил да го стори тоа.

„Кога победувате натпревар, нашиот психолог препорача играчите да слават како што сакаат. Меѓутоа, кога ќе загубите најдобро е да не правите ништо тој ден бидејќи тоа може само да ја влоши ситуацијата“, додаде поранешниот селектор на Шпанија.

ПретходноРФМ со детали за мечот на деценијата, ќе биде од хуманитарен карактер!
СледноФИФА и Инфантино добија „НЕ“ – Клубовите ги бојкотираат репрезентациите?!