Додека сите со нетрпение го очекуваат првиот полуфинален меч на СП во Катар, Златан Ибрахимовиќ смета дека идниот светски шампион вече се знае.
„Во ѕвездите веќе е запишано кој ќе победи на ова СП и знаете на кого мислам. Меси ќе го крене трофејот, тоа е запишано“, изјави харизматичниот Швеѓанец.
Изјавата на Ибрахимовиќ доаѓа пред полуфиналето со Хрватска, а интересно е што мајката на легендарниот напаѓач е од околината на Шкабрња (Хрв), а татко му од Бјелина.
Ибра и Меси играа заедно во Барселона, а актуелниот напаѓач на Милан смета дека конечно е дојдено време седумкратниот освојувач на „Златната топка“ да го подигне најпрестижниот трофеј во светот.