Лорис со порака до Хери Кејн

557

Капитенот на Франција, Уго Лорис го поддржа својот соиграч од Тотенхем, Хари Кејн, откако промаши пенал против „Петлите“. Англичаните загубија со 1:2 во рамките од 1/4 финалната пресметка со светските шампиони, при што напаѓачот на „трите лава“ реализираше еден удар од белата точка, но го промаши вториот, па Англичаните си заминаа дома. 

“Си пишавме по натпреварот. Кејн сега треба да се одмори, да биде сам. Тешко е за него и за репрезентацијата на Англија, но тие можат да бидат горди на постигнатото. И Меси, Роналдо и Мбапе промашуваат пенали. Тоа е дел од фудбалот“, изјави капитенот на францускиот тим па додаде.

„Мароканците победија во многу тешка група, така што не сум изненаден што успеаа да стигнат толку далеку на овој шампионат. Имаат добар, сплотен тим. Сигурен сум дека атмосферата на стадионот ќе биде непријателска кон нас. Мораме да бидеме подготвени за тоа и да ја прикажеме најдобрата игра. Секако дека сме воодушевени од нивните достигнувања на овој турнир. Но, утре тие ќе ни бидат противник и се надевам дека ќе стигнеме до финалето“, изјави Лорис во врска со претстојното полуфинале. финале со Мароко“ – додаде Лорис.

 

ПретходноХрватска и Аргентина во битка за финале во Катар
СледноРеграгуи: Ќе кажете дека сум луд, но Мароко оди по светската титула