Мексиканскиот судија Сезар Рамос ќе го суди вториот полуфинален натпревар на Светското првенство во Катар меѓу Франција и Мароко, одлучи Судискиот комитет на ФИФА.
Помошници на Рамос ќе му бидат неговите сонародници Алберто Морин и Мигел Ернандез. Четврти судија е Хесус Валензуела. Канаѓанецот Дру Фишер ќе биде одговорен за работата на ВАР системот, а Николас Гајо од Колумбија е помошник.
За Рамос, кој е рангиран најдобар судија во зоната КОНКАКАФ за 2021 година, ова ќе биде четврти натпревар на Светското првенство во Катар. Во 2016, 2017 и 2018 година беше избран за најдобар судија во цела Северна Америка.