Аргентина по осум години ќе игра финале на СП и има уште една шанса да стигне до трофејот кој го чека од 1986 година и Мундијалот во Мексико. Овојпат предводена од Лео Меси ќе се потруди да оди до крај, да го искачи последното скалило пред да објави пензија од националниот тим. Трофеј за крај би било перфектно.
По мечот со Хрватска, тој изјави:
„ Многу возбудливо да се види сето ова. Гледајќи ги овие луѓе, семејството… Во текот на целото Светско првенство, она што го доживеавме е нешто неверојатно. Ќе го одиграме последниот натпревар, што и беше наша главна цел“, изјави Меси кој е најдобар стрелец на Аргентина на Мундијалите.
„Уживам во настапите на СП. Тргнавме со пораз, но не се предадовме. Имавме доверба и таа растеше во текот на шампионатот. Затоа барам од луѓето да веруваат во нас. Аргентина повторно е во светско финале, народе … уживајте во сето ова“, додаде Аргентинецот.