Нестварно: Фудбалската федерација на Мароко подели 13.000 бесплатни билети на своите фанови за дуелот со Франција!

321

 

Утрешниот ден е најважен ден во историјата на спортот на Мароко, и еден од најважните во поновата историја на оваа земја, воопшто. Имено утре на СП во Катар селекцијата на Мароко игра полуфинале против Франција. Мароканците се во транс, Мароко се тресе, можеме само да замислиме што ли ќе се случи ако Мароко се пласира во финалето.
По тој повод фантастичен потег на Фудбалската федерација на Мароко. Имено поделени се вкупно 13.000 бесплатни билети на мароканските фанови за утрешниот меч со Франција. Притоа се ангажирани повеќе од 50 чартер летови за денеска и утре од Мароко до Катар, се со цел Хакими Зијеш, Боно и останатите марокански херои да имаат величенствена поддршка од трибините на стадинот Ал Бајт. Се очекува да околу 45.000 марокански навивачи кои ќеја бодрат својата селекција.

Ова е навистина нестварно, не се памети некој да го направил ова во светот на фудбалот.

ПретходноШпанскиот суд го ослободи Нејмар од обвиненија за измама и корупција
СледноУште една смртна казна во Иран: Фудбалер осуден на смрт поради учество во протести