ПОЛУВРЕМЕ: „Гаучосите“ се пред финале, водат со 2:0 против Хрватска (видео)

116

Репрезентацијата на Аргентина води со 2:0 против Хрватска во полуфиналниот меч од СП во Катар. Хрватите беа рамноправни по пол час, а потоа им се стемни.

Во 32 минута Ливаковиќ во обид да стигне прв до топката собори еден аргентински фудбалер, а судијата Даниеле Орсато покажа на белата точка.

Лео Меси погоди за водство на Аргентина, но и за историја. Меси со 11 гола е најдобриот аргентински стрелец на Светските првенства, симнувајќи го од првото место некогашниот голгетер Габриел Батистута.

Во 38 минута нов шок за Хрватите. Дефанзивците погрешија, а Алварез во трка успеа да помине двајца-тројца дефанзивци и ја смести зад грбот на Ливаковиќ.

Во 42 минута и Мекалистер се обиде, меѓутоа Ливаковиќ ја спаси мрежата. Дури во финишот на првото полувреме Хрватите имаа сериозна шанса но Мартинез беше сигурен.

Argentina [1] – 0 Croatia – Lionel Messi 34′ (Penalty)

Dec 14, 2022

Alexis Mac Allister (Argentina) chance against Croatia 43′

Dec 14, 2022

ПретходноМеси стана најдобар аргентински голгетер на Мундијалите
СледноБензема заздраве и сакал да се врати во тимот, но Дешамп рекол „Не“!