Младата репрезентација на Македонија за играчи до 15 години одигра нерешено 1:1 на вториот контролен меч против соодветната селекција на Малта.
Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски беа поразени со 2:0 на првиот меч, но денеска одиграа многу подобар натпревар и малку недостасуваше да слават. Македонија водеше со 1:0 се до судиското продолжение, кога Малтежаните некоректно не ја вратија исфрлената топка во наш посед и во 6 минутно надополнување успеаја да постигнат гол за израмнување.
Стрелец на единствениот гол за Македонија беше дело на Алекс Запончек, инаку играч на холандски Ексцелсиор.
СОСТАВ МАКЕДОНИЈА: Грбевски, Фејзуловски, Стаматовски, Стоилов, Кесиќ, Марковски, Ангелевски, Бранковски, Грашески, Запончек, Исламовиќ.