Вечерва се одиграа шест натпревари од Евролигата. Црвена Звезда во „Пионир“ во Белград славеше со 77:73 против Жалгирис. И покрај тоа што имаше негатива по првата четвртина 14:22, сепак, црвено-белите се вратија во мечот и ги однесоа бодовите.
Тоа е седма победа на Звезда, а Жалгирис го запиша седмиот пораз.
А Фенербахче доживеа тежок пораз на гостувањето кај Олимпијакос. Лидерот на табелата го доживеа третиот пораз сезонава, а вечерва загуби со 94:67. Уште по првата четвртина Турците губеа со 20 поени разлика, а на полувреме беше 58:31. Натаму домашниот тим рутински го приврши мечот до крај.
ФОТО: Официјален веб-сајт на Олимпијакос
РЕЗУЛТАТИ
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ЖАЛГИРИС 77:73
ОЛИМПИЈАКОС – ФЕНЕРБАХЧЕ 94:67
ЛИОН – ПАРТИЗАН 91:87
БАЕРН – РЕАЛ МАДРИД 64:68
МИЛАНО – МАКАБИ Т.А. 71:77
ВАЛЕНСИЈА – ПАНАТИНАИКОС 94:91 по продолженија