Еден е Лео Меси: Поклонете му се на ФУДБАЛСКИОТ БОГ!

1132

 

Лео Меси, еден и единствен. Лео Меси вечерва ја понижи Хрватска. Ја уништи Хрватска. Еден гол, една асистенција и учество и во третиот гол за својата Аргентина.

Фудбалска фантазија, нестварна партија во едно полуфинале. И победа над Хрватска за пласман во финале.

Лео Меси е “Богот на фудбалот“, затоа станете и поклонете му се. Овој фудбалски ГЕНИЈАЛЕЦ е на чекор, до степеник до бесмртноста, да го стигне Марадона. Лео си доаѓа по своето, а тоа пехарот на еден Мундијал. Уште само тоа му недостига.

Секој оној кој што го сака фудбалот, секој оној кој го разбира фудбалот, во недела ќе навива за Меси, за Аргентина да ја освои титулата.
Ајде Лео…оди по своето, по тоа што ти припаѓа.

А на тој меч, во недела, дали против Франција или Мароко, Меси ќе биде новиот рекордер со 26 настапи на светските првенства, Матеус ќе остане на 25-те мечеви на Мундијалите.

И ќе биде пред Пеле, Марадона…

Се почна со Германија во 2006, а ќе заврши со Катар во 2022.

Нема сомневање дека и фудбалски боогови во недела ќе бидат со Меси и Аргентина. Одозгора ќе навива и Марадона а 45 милиони срца аргентински ќе чукаат во ритамот на Меси. Но и срцата на милијарди низ светот ќе чукаат во ритамот на Меси.

Ако има фудбалска правдина тогаш Меси во недела ќе слави.

И го заслужи тоа.

Да, само еден е Лео Меси…

Генијалноста Меси ја потврди и на дуелот со Хрватска. Рековме веќе, еден гол, две асистенции.

А видовте ли што му направи на најскапиот Хрват?

Му го сврте паметот на тој несреќен Гвардиол.

Секоја чест за тактиката на Скалони, секоја чест за Меси и другарите.

Секако, секоја чест и за Хрватска која одново се најде меѓу четирите најдобри во светот.

Било кој нека каже, но само со среќа тука не се стигнува.

Но, Аргентина со еден Меси е класа за “коцкастите“.

По третпат…еден е Лео Меси.

ПретходноАлварез: А сега по трофејот!
СледноЕвролига: Звезда подобра од Жалгирис, Олимпијакос го растури Фенербахче