Ибра: Хрватска нема шанси, Меси ќе го крене пехарот

464

Додека сите со нетрпение го очекуваат првиот полуфинален меч на СП во Катар, Златан Ибрахимовиќ смета дека идниот светски шампион вече се знае.

„Во ѕвездите веќе е запишано кој ќе победи на ова СП и знаете на кого мислам. Меси ќе го крене трофејот, тоа е запишано“, изјави харизматичниот Швеѓанец.

Изјавата на Ибрахимовиќ доаѓа пред полуфиналето со Хрватска, а интересно е што мајката на легендарниот напаѓач е од околината на Шкабрња (Хрв), а татко му од Бјелина.

Ибра и Меси играа заедно во Барселона, а актуелниот напаѓач на Милан смета дека конечно е дојдено време седумкратниот освојувач на „Златната топка“ да го подигне најпрестижниот трофеј во светот.

ПретходноРоналдо не се откажува, сака да игра и на ЕП 2024
СледноЧурлинов делеше новогодишни подароци за болните дечиња (ВИДЕО)