Меси стана најдобар аргентински голгетер на Мундијалите

118

Со голот на Лионел Меси од пенал, аргентинската репрезентација поведе во дуелот со Хрватска со 1:0 во првиот полуфинален меч од СП во Катар. Во 32 минута Ливаковиќ во обид да стигне прв до топката собори еден аргентински фудбалер, а судијата Даниеле Орсато покажа на белата точка.

Лео Меси погоди за водство на Аргентина, но и за историја. Меси со 11 гола е најдобриот аргентински стрелец на Светските првенства, симнувајќи го од првото место некогашниот голгетер Габриел Батистута.

Секој нареден гол на Меси ќе биде поместување на границата за следните аргентински голгетери.

ПретходноФИФА на 27 февруари ќе ги прогласи најдобрите за 2022 година
СледноПОЛУВРЕМЕ: „Гаучосите“ се пред финале, водат со 2:0 против Хрватска (видео)