Продолжува проклетството на СП во Катар: Почина трет новинар за само три дена!

354

Од Катар доаѓаат нови непријатни вести. За време на Светското првенство згасна животот на трет новинар по Грант Вол и Калид ал Мислам и тоа во само три дена. Станува збор за техничкиот директор на ITV Sport, Роџер Пирс.

Репортерот на ITV Sport, Марк Пугач, се прости од Пирс преку соопштение.

„Имаме многу тажни вести во Катар. Почина нашиот технички директор Роџер Пирс, кој известуваше од своето осмо Светско првенство. Роџер беше многу почитувана личност во својата работа, а во ITV беше задолжен за логистика и планирање на покривање на настани како што се Светското првенство, Европското фудбалско првенство и Светското првенство во рагби. Секогаш имаше насмевка на лицето и ги насмеа другите луѓе“. 

Роџер Пирс имаше 65 години кога се приклучи на ИТВ во 2001 година, за да стане технички директор само седум години подоцна.

ПретходноФИФА и Инфантино добија „НЕ“ – Клубовите ги бојкотираат репрезентациите?!
СледноОјлески: Очекувам да ја заокружиме оваа полусезона со победа!