Кристијано Роналдо не планира да ја напушти репрезентацијата на Португалија по Светското првенство во 2022 година.
Според локални медиуми во Португалија, напаѓачот планира да продолжи да игра за националниот тим. Тој има намера да се избори за настап и на Евро 2024 година.
Сепак, јасно е дека ситуацијата со неговото место во тимот зависи од иднината на Фернандо Сантош, кој е блиску до заминување од селекторската функција. Сепак, во моментов Роналдо очекува да игра за португалската репрезентација барем до летото 2024 година.