Околу прекинатиот натпревар од 9. коло од Првата лига-мажи КК „Чаир 2030“ и КК „Работнички“ одигран во салата „Шабан Трстена“ во Скопје, дисциплинската комисија при КФСМ денеска заседаваше и ги донесе следните одлуки.
КК Чаир е казнет со 190.000 денари, плус десет меча играње без публика на свој терен.
Дополнително, по расчистување на случајот од страна на МВР, КФСМ ќе преземе и соодветни мерки против лицето Алтин Рушити, официјален фоторепортер на КК „Чаир 2030 АД“.
По ова, сериозниот инцидент кој се случи на овој натпревар добива правна завршница на зелената маса што се вели и КК Чаир ги сноси последиците за лошата организација и дејствијата на нејзините претставници на мечот.