„Бомба“ во најава: Зидан на клупата на Бразил!?

290

Чекаше, ама и не дочека да биде селектор на Франција, барем не сега. Зинедин Зидан долго време ги одбиваше понудите на голем број гиганти, како ПСЖ на пример, да им биде тренер, но екс – стратегот на Реал Мадрид чекаше да заврши Мундијалот во Катар за да го преземе селекторското столче од Дидие Дешамп. Но откако сега се знае дека Дешамп и натаму ќе остане селектор на Франција, во меѓувреме Фудбалската федерација на Бразил го посакува Зизу за свој селектот по заминувањето на Тите.

Деновиве се подготвува понуда до Зидан, е сега дали тој ќе ја прифати останува да се види. Во меѓувреме се споменуваа голем број кандидати за селектор, меѓу кои и Пеп Гвардиола, но засега нема ништо официјално.

ПретходноЕмоции: ПЛАЧКОТО Скалони… (ВИДЕО)
СледноСмешки: Боно дава интервју, а неговиот син помисли дека микрофонот е лижавче! (ВИДЕО)