Лорис се израмни со Нојер, по финалето ќе биде апсолутен рекордер!

180

Францускиот голман Уго Лорис вечерва го одигра својот 19-ти натпревар на Светските првенства. Тој го повтори рекордот на Мануел Нојер по бројот на одиграни натпревари на Мундијалите, кој герамнскиот чувар на мрежата го постави со третиот настап во групната фаза на Мундијалот во Катар.

Лорис веќе ги надмина достигнувањата на Сеп Мајер и Клаудио Тафарел, кои имаа по 18 натпревари.

Интересно е што пред Лорис ќе биде уште еден настап, кој може да му го донесе рекордниот 20-ти настап, доколку Дешамп му ја довери голманската позиција и на последниот меч во големото финале со Аргентина.

ПретходноМароко одигра достојно, но Франција по четвртипат е во финале на светските првенства! (ВИДЕО)
СледноДобри пријатели: Мбапе го тешеше Хакими, па ги разменија дресовите (ФОТО)