По една мешаница во шеснаесетникот на Боно, Франција со голот на Тео Ернандез оствари минимална предност од 1:0 по првиот дел на второто полуфинале на СП во Катар. Мароканците покажаа дека ни оддалеку не се случаен учесник на ова полуфинале, затоа што во финишот на првиот дел не искористија две одлични шанси да израмната.
Особено се истакна Ел Јамик, кој со ножички за малку ќе го матираше Лорис, но неговиот обид во 44. минута заврши во десната статива од голот на светскиот првак. Ова е повеќе од одлична најава за второто полувреме во кое Мароканците ќе се обидат да дојдат до израмнување.