Аргентина ја совлада Хрватска со 3:0 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар и се пласираше во мечот за титулата каде ќе игра против победникот од пресметката меѓу Франција и Мароко.
Разбирливо, ова беше причина за песна, игра и славје во аргентинската соблекувална, но во таа прослава јужноамериканската репрезентација претера.
На интернет со појави видео од соблекувалната на Аргентина во кое фудбалерите на големо слават, во еден момент еден од дресовите на Хрватска заврши во кантата за ѓубре. Ромеро го извади истиот и го фрли кон своите соиграчи.