Блесна на СП и си ја крена цената – сега и 45 милиони евра се малку!

1381

Еден од фудбалерите кои го одбележаа Светското првенство во Катар е Азедин Унахи од Мароко кој си ја крена цената за неколку десетици милиони евра. 22-годишниот централен играч за врска е цел на Лестер во кого гледа решение на многуте проблеми во средниот ред, спремен е да даде 45 милиони евра меѓутоа сумата може да не биде доволна.

Францускиот Анже, за кого игра Унахи од јули 2021 година ќе чека со продажба затоа што верува дека од јануари ќе има и други заинтересирани купци и цената може да достигне до 50 милиони евра.

Инаку Унахи пред да дојде во Анже играл во третата француска лига, а бил и во резервниот тим на Стразбур но не добил шанса во првиот тим.

А Анже има уште еден Мароканец во своите редови за кого смета дека може да им донесе одлична заработувачка. Тоа е Софијан Буфал кој исто така има одлични настапи на Мундијалот во Катар. Крилниот напаѓач претходно играше и за Саутемптон.

ПретходноСТАРТНИ СОСТАВИ: Франција против Мароко со Фофана место Рабио
СледноМанчестер Јунајтед му ја затвори вратата на Санчо!