Напаѓачот на Челзи, Армандо Броја ќе мора да оди на операција на коленото. Токму поради таа причина, тој најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Според последните информации од Островот, на Броја ќе му биде извршена операција, по што ќе мора да оди на рехабилитација најмалку пет месеци, а можеби и до една година, во најлошото сценарио.
Ова е секако лоша вест за Греам Потер, бидејќи Челзи веќе има проблем со нападот, а Пјер-Емерик Обамејанг целосно колабираше пред паузата поради Светското првенство. Сега лондончани веројатно ќе мора да излезат на зимскиот трансфер пазар и да бараат ново засилување.