Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ и покрај поразот во полуфиналето, на Лионел Меси и Аргентина им посака да го освојат Светското првенство.
Аргентина синоќа победи со 3:0, а Меси по четврти пат беше играч на натпреварот на овој турнир. Постигна гол од пенал, повлече контранапад и му додаде на Алварез за вториот гол, а истото асистираше по една неверојатна соло акција за 3:0.
Лука Модриќ по натпреварот призна дека за него нема подобар фудбалер.
„Се надевам дека Лео Меси ќе го освои Светското првенство. Тој е најдобриот играч во историјата и го заслужува тоа“, изјави Модриќ.
Ривалот на Аргентина во финалето ќе го дознаеме вечерва, во второто полуфинале ќе се сретнат Мароко и Франција.