Дали е ова најдосадното Светско првенство? Има огромна разлика во однос на 2018 година!

297

Светското првенство во Катар е при крај. Синоќа Аргентина предводена од големиот Лионел Меси во полуфиналето ја совлада Хрватска со 3:0 и го доби мечот за златната „Божица“.

Вечерва од 20 часот на програмата е второто полуфинале во кое силите ќе ги одмерат Мароко и актуелниот светски првак Франција. Како и да заврши првенството, ќе се памети по еден статистички параметар, кој не е популарен.

На овој Мундијал се забележани највеќе натпревари без голови во историјата на сите светски првенства, вкупно осум.

Хрватска води како учесник одигра три со резултат 0:0, во групната фаза против Мароко и Белгија, додека во четвртфиналето против Бразил.

На натпреварите од групната фаза ваков резултат забележаа: Тунис – Данска, Уругвај – Јужна Кореја, Мексико – Полска и Англија – САД, во осминафиналето пак без голови беше мечот меѓу Мароко и Шпанија.

Во споредба со СП 2018, во Русија само еден меч заврши без голови, во групната одиграа Данска и Франција.

ПретходноМарко Јовановски: Од денеска не сум повеќе голман на А. Пандев!
СледноПСЖ сигурно ќе има светски првак: Хакими, Мбапе или Меси!?