Лазаров го објави скратениот список за јануарскиот поход во Полска!

282

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави скратениот список за Светското првенство 2023 година кое ќе се одржи во Шведска и Полска. На истиот се најдоа 23 имиња.

Лазаров ќе прозива на 20. овој месец во хотелот „Александар Палас“ со почеток во 11:30 часот. Дел од подготовките ќе се одржат во Маврово, нашите момци ќе учествуваат на турнирот „Кроација Куп“.

Македонија на стартот ќе ги одмери силите со Норвешка (13 јануари), два дена подоцна е дуелот со Холандија, додека во последното коло од групната фаза ќе се сретне со Аргентина.

Подобрите три репрезентации ќе обезбедат место во следната фаза која ќе се игра во Катовице, а таму ќе вкрстат со групата во која се Германија, Србија, Бахреин и Алжир. Последната репрезентација од нашата група ќе игра Президент Куп во Плоцк.

ПретходноУште еден меч и Меси ќе каже крај!
СледноЃоковиќ испрати порака до Хрватите, а Ловрен врати: Ти благодарам Ноле! (ФОТО)