Навистина лоши вести денеска доаѓаат од Италија. Имено на огашните легендарни фудбалер, а сега тренери, Синиша Михајловиќ и Џанлука Вијали состојбата им се влошила. Имено познато е дека Србинот веќе три години води битка со леукемијата, во два нварати ја доби, но последните вести велат дека болеста повторно го “нападнала“ Синиша.
Вијали пак неколку години води битка со ракот, во последно време и кај него болеста се вратила, па затоа тој морал да се повлече од местото помошник тренер на селекторот Роберто Манчини во репрезентацијата на Италија. Да потсетиме дека Италија се наш ривал во квалификациите за ЕВРО 2024, кои ќе стартуваат во март следната година.