Шампионот на Бундеслигата, Магдебург направи големо изненадување победувајќи го ПСЖ на гостински терен и нанесувајќи му гос амо вториот пораз сезонава на еден од галвните фаворити за титулата во ЛШ и оваа сезона. Германците славеа во Париз со 37:33 во големото дерби на 10. коло од ракометната Лига на шампиони.
ПСЖ одигра одлично прво полувреме и имаше предност од 4 гола (19:15), но со несфатлив пад во играта во вториот дел дозволи целосен пресврт. Магнусон беше неверојатен со 12 гола во составот на Магдебург и беше главен фактор во победата на гостите.
Во вториот натпревар кој заврши досега, ПИК Сегед успеа да слави како гостин против Елверум со 34:32.
Standings provided by Sofascore