Модриќ: Орсато е еден од најлошите судии, тој е катастрофа

330

На капитенот на Хрватска Лука Модриќ тешко му падна поразот од Аргентина во полуфиналето на СП во Катар. Резултатот на дуелот беше 0:0 и од 32. минута па до крајот на полувремето се се смени. Прво судијата Даниеле Орсато свирна пенал по дуел на Ливаковиќ со еден аргентински фудбалер.

Модриќ, а и дел од фудбалските експерти сметаат дека тој дуел не било прекршок и тука судијата погрешил.

Бевме добри, ја контролиравме играта, а потоа имаше корнер кој судијата не ни го свирна и пенал кој според мене не беше прекршок за најстрога казна. Тој пенал промени се. Не можам да верувам дека го досуди тој пенал. Меѓутоа сега не можеме тоа да го промениме. Останува да се спремиме за мечот за третото место“, изјави Модриќ.

Да нема забуна, Аргентина чесно победи, беше подобра, заслужи, меѓутоа некои работи мора да се кажат. Ова не го правам често, не сакам да зборувам за судиите, меѓутоа Орсато е еден од најлошите. Не го памтам по добро, тој е катастрофа. За мене тоа не е пенал“, смета Модриќ.

 

ПретходноРивалдо со порака до Меси: Господ ќе те награди во недела
СледноПодаток за историја: Прв пат на Мундијалите ниту еден англиски навивач не е уапсен