Еден од луѓето задолжени за обезбедување на стадионите во Катар го загуби животот откако падна од трибините на стадионот Лусаил. Станува збор за Кениец кој почина во болница три дена по падот, објавија организаторите на Светското првенство.
Во соопштението за медиумите тие напишаа дека организаторите „итно ги истражуваат околностите што довеле до падот“.
„Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, колегите и пријателите во овие тешки моменти. Ќе се погрижиме и неговото семејство да ги добие сите неподмирени долгови“, најавија организаторите.
На почетокот на турнирот, работник, за кој се верува дека е од Филипините, го загуби животот во несреќа додека вршеше поправки во хотелот на репрезентацијата на Саудиска Арабија.