Шпанецот Пабло Мари кој беше прободен со нож во октомври, кога беше еден од петтемина кои беа избодени во трговски центар во Милано, се врати на тренинг.
Мари мораше да оди на операција и се очекуваше дека ќе биде надвор од терените четири месеци. Денеска фудбалерот кој како позајмен од Арсенал игра за италијанска Монца го одржа првиот тренинг.
Мари тешко дека ќе биде подготвен за првиот натпревар на Монца во Серија А во 2023 година, кога клубот ќе се соочи со Фиорентина на гости на 4 јануари.