Бостон по голема драма и продолжение го урна ЛА Лејкерс, славеше со 118-122. Домаќинот беше во негатива во првото полувреме, но со серија од 18-0 успеа да се врати во мечот и да се избори за продолжение. Сепак концентрацијата падна, Ентони Дејвис промаши неколку слободни фрлања, нападот застана, па триумфот го однесе Бостон, кој со скор од 22 победи и седум порази го држи врвот во Источната конференција. На другата страна за Лејкерс ова беше 16-ти пораз во очајната сезоа, имаа 11 победи и се наоѓа на 12-та позиција во Западот.
Дејвис на крајот запиша 27 поени и 12 скока, Леброн имаше 33 поени, п скока и исто толку асистенции, Вестбрук од клупата реализираше 20 поени и 14 скока, но сето ова беше премалку. Тејтум, најдобриот играч на Бостон имаше неверојатна вечер, постигна 44 поени, Барун запиша 25 поени, додема Смарт застана на 18 поени.
Пресметката на двата последни шампиони заврши во корист на Милвоки, го совлада Голден Стејт со 128-111. Јанис Адетокумбо беше лидер во редовите на победникот, постигна 30 поени. Зад него беше Портис со 25 поени и 11 скока. Кај актуелниот првак, Кари постигна 20 поени.
Голден Стејт го загуби третиот меч во низа, има скор 14-14 и се наоѓа на десетото место во Западот, Милвоки е втор во Истокот со скор од 20-7.
На останатите мечеви, Филаделфија го совлада Сакраменто со 123-103, Хјустон беше подобар од Феникс со 111-97, Јута на домашен терен го совлада Њу Орлеанс со 121-100.