Франција и Аргентина по 4-ти пат ќе играат меѓусебе на светските првенства, годинава за првпат во едно големо мундијалско финале.
Аргентина досега има две победи над „триколорите“ на Мундијалите и тоа на првото СП во 1930 година кога славеше со 1:0 и на СП во 1978 година кога победи со 2:1.
Последната средба меѓу овие две селекции беше на минатото СП 2018, каде во една фудбалска голеада во осминафиналето, Франција ги победи „гаучосите“ со 4:3.
Севкупно, овие две селекции имаат 13 меѓусебни дуели, Аргентина извојува 7 победи, Франција 3, а три средби завршија нерешено.