Вардаровата перфекција заверена во Струга!

129

Како ја почна сезоната, така Вардар 1961 ја зарши Супер-лигата, со убедлива победа за целосна перфекција во овој дел од натпреварувањето, 14 триумфи во исто толку меча. На последната средба актуелниот македонски првак славеше против Струга на гости со 23-34.

Во составот на гостите го немаше Стојанче Стоилов. Манасков, Моралес, Чувара и Талески со по пет погодоци беа лидери кај Вардар 1961, на другата страна Цветаноски имаше осум погодоци.

Оваа средба „црвено-црните“ ја решија во едно полувреме, имаа предност од шест гола (10-16), па до крајот без проблем го приведоа мечот во своја корист. Отворија со 1-5, пред одморот позитивата беше седум гола (9-16).

Првото двоцифрено водство беше 20-30, знак дека овој дуел ќе се движи само во еден правец.

Во плеј-офот Вардар ќе пренесе максимални три бода во битката за нова титула, додека пак Струга ќе се бори во плеј-аутот.

ПретходноПодаток за историја: Прв пат на Мундијалите ниту еден англиски навивач не е уапсен
СледноРоналдо слета во Мадрид – почна да тренира во „Валдебебас“